Ненад Јовановиќ, аналитичар и колумнист, во вечерашното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија, со објаснување зошто се неопходни брзи избори и шт значи тоа за демократијата во државата.

“Оваа криза со корнавирусот е криза која го фрли на коленици човештвото за неколку дена. Ако се вратиме назад за само два месеци ќе видиме колку се важни институциите и колку е трансформирана нашата свест.

Брзи избори се важни, СДСМ делегира датум 21 јуни, а опозицијата пролонгира некој датум во август или почетокот на септември. Јас досега не се сеќавам дали некој организирал избори во јули или август кога температурите се високи и кога е време на годишни одмори и кога практично е невозможно да се спроведат избори. Зошто се бараат брзи избори? Брзи избори се неопходни затоа што ние сите забораваме дека во оваа земја демократијата е суспендирана. Ние работиме и живееме во вонредна состојбa, Владата е техничка, а не е суверена. Тоа значи дека изборите ќе доведат и до легитимен суверенитет на новата Влада која ќе се конституира. Да не забравиме дека во Собранието на оваа земја немаме ниеден релевантен, суверен законодавец, сè се враќа под плаштот на техничката влада со нејзините уредби, а знаеме дека уредба е исто што и наредба. Не може ова до бесконечност, бидејќи живот под уредба и живот под наредба е обратнопропорционално на демократско, либерално и прозападно општество. Оваа криза ќе ја надминеме со суверен собраниски состав чие мнозинство ќе конституира Влада која ќе ги води институциите во некои нови можни пандемиски состојби. Не знам кому му одговара да живее во време на наредби?” – запраша Јовановиќ.