“Факт дека СДСМ има предност да ја освои власта. Единствен кохезионен фактор, организационо, политички, идеолошки, граѓански ја предводи СДСМ, најдобрата опција за сите мали етнички заедници, бидејки само од СДСМ слушаме како ке се определува према единката. Ако СДСМ не е дискриминаторска партија, ако СДСМ ги вклучува граѓаните во процесите на системот, факт е дека најдобро за малите етнички заедници е таа партија.” – рече Ненад Јовановиќ во Утрински брифинг на Слободна ТВ.