„Многу е важно како ќе настапи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ иако тие се суште за ЕУ, и се надевам дека кандидатката за претседател Силјановска нема да се вклопи во овој руски наратив, и да остане дека само Пендаровски работи на таа агенда, рече Борјан Јовановски на поткастот Политиканти на Слободен печат, осврнувајќи се на рускиот наратив за членството во ЕУ и НАТО.

Тој се осврна на потпретседателката на ЕК, комесарката Јурова која е минатата недела е на демократска турнеја, на турнеја во земјите членки, а целта е да укаже кои се намерите на руското разузнавање да влијае на процесот на европските избори. Како и нејзината изјава дека унгарската влада е платформа на тој руски наратив кој има за цел да го подрие европското единство.

„Гордана Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да објаснат малку подетално во кампањата околу тие многу топли односи со Орбан, кои ја подржува интеграцијата на Македонија во ЕУ, а истовремено работи на зајакнување на рускиот наратив. Влегуваме во една пресвртница кога се случуваат избори и кај нас и во ЕУ, за нов состав на ЕУ парламентот, за ЕК, кои во голема мера че ја детерминираат иднината на континентот,“ посочи Јовановски.
Ордановски додаде дека најглавниот соработник на опозицијата е Орбан, кој најверојатно е главниот руски играч во ЕУ и во НАТО. Како и дека ако не беше Унгарија во НАТО таа со тенкови веќе ќе беше во Украина влезена на руска страна.

„Вучич доколку би се кандидирал во Македонија на претседателските избори веројатно би влегол во вториот круг лесно, а можеби и би победил, со оглед на тоа колку е Македонија отворена кон сите српски пропаганди вклучувајќи го и Додик. А нашиот сосед кој не блокира во ЕУ е еден од главните руски играчи,“ рече Ордановски.