Жалбениот совет на Врховниот суд на Република Северна Македонија на вчера одржана седница расправал по жалбата на Јово Вангеловски, сега веќе поранешен претседател на споменатиот суд, откако на 23. септември минатата година Судскиот совет на РСМ донесе одлука за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција Претседател на суд.
На седницата, жалбениот совет донел одлука со која што жалбата е отфрлена како неоснована и само е потврдено решението на Судскиот совет.
Донесената одлука подразбира дека Вангеловски веќе никогаш не ќе може да работи како судија, но истата доаѓа само неколку дена по објавените аудио снимки на кои може да се слушнат скандалозни разговори помеѓу него и поранешниот пратеник Антонијо Милошоски каде тој прифаќа непосредно да интервенира во предмет кој се однесува на таткото на заинтерeсираниот соговорник.

За Вангеловски ќе кажат дека е столбот на криминалното судство во изминатата деценија извршувајќи нарачани судски пресуди и вршејќи криминални услуги во име на неправдата!