Министерството за внатрешни работи во континуитет спроведува ефикасни, темелни и неселективни акции во борбата против криминалот и корупцијата. Полицијата денес е партнер и заштитник на граѓаните и открива и спречува незаконски постапувања. Доказ за професионалното ефикасно и неселективно постапување се и официјалните статистички податоци. Споредебено со 2020 постои сериозно зголемување на запленета дрога и наркотици.- порача денеска на прес- конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.
Според податоците, во првите три месеци во 2020 година била запленета дрога од 14,8 килограми, додека од први јануари до 15 април во оваа 2021 година, запленета е дрога од над 800 килограми.
Редовните сообраќајни контроли, неселективниот пристап во санкционирањето, доведоа до значително намалување на сообраќајните несреќи.
Во првите четири месеци од годинава за 10% се намалени сообраќајни незгоди со повредени лица, за 11.2% намалени сообраќајни незгоди со материјална штета, за 13.6% се намалени незгодите со загинати лица, а бројот на повредени лица е намален за 14,2%.
Јавноста сведочи и на бројни сложени акции што македонската полиција ги спроведува со своите стратешки партнери.
Денес полицијата е мотивирана да работи ефикасно и професионално затоа што постојано се унапредуваат условите за работа на припадниците на полицијата.
Во овие неколку години реконструирани се 54 објекти на Министерството за внатрешни работи а се градат и нови градби како што е Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп кој е веќе изграден, во тек е изградба на нова зграда на Крим техника со сите стандарди и почеток на изградба на Центар за странци.
Успесите на Министерството за внатрешни работи се видливи и признаени. Но, очигледно дека токму ваквите успеси се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија предводена од Христијан Мицкоски, шири лажни вести и измислува непостоечки конструкции.
Колку и да е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите подеднакво, а полицијата постапува ефикасно, неселективно и во служба на законите. – рече Каевски.