„Од опозицијата нема никаква конструктивност и повторно се одбегнуваат темите. Понудата на Ковачевски, како премиер е буквално секој кој може да помогне, да се вклучи. Тоа пред се се однесува на опозицијата, која треба да биде дел од процесот за да се изнајде решение“ кажа пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека Мицкоски треба да ја прифати понудата за разговор со Ковачевски без условувања, со цел да се изгради концензус и заеднички став по важните прашања.

„Како Влада имаме сериозен пристап за решавање на проблемот со Бугарија, но мора заеднички да пристапуваме и да ги решаваме проблемите. Граѓаните очекуваат заеднички да пристапиме кон прашањата. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ како партија нема став за најважните прашања, само ја намалува довербата во институциите“ кажа Каевски.

Тој додаде дека доколку се тргне дневното политиканство од сите страни, ставовите на партиите се идентични, а пример за тоа е и изгласаната резолуција во Собранието, која беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, а поддржана од Владата.