Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Буџетот за 2022 година.

Граѓанскиот буџет има силна развојна компоненета за создавање амбиент за севкупен развој на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, рече денеска на прес-конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Обезбедуваме непречена грижа за заштина на здравјето на населението, економски раст, зголемување на инвестициите, поддршка на реформите во правосудството и евроатлатските интеграции. Секако, еден од аспектите на Буџетот е обезбедување средства за соочување со предизвиците од глобалната енергетска криза и заштита на граѓаните и фирмите.

Продолжуваме со намалување на тековните расходи, кратење на неприоритетни и несуштински трошоци, а највисоко учество во буџетските расходи имаат капиталните инвестиции.

Капиталните инвестиции изнесуваат 37,8 милјарди денари што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.

Средствата ќе бидат наменети за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициските вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот, социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштита на животната средина и правосудството.

Во третото тромесечје Бруто домашниот производ бележи раст од 3 отсто.

Сериозен раст има и извозот кој во периодот јануари – октомври е зголемен за 29 отсто во споредба со истиот период од 2020 година.

Сето ова се податоци кои ја покажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Економијата е подготвена да се соочи со сите предизвици како глобалната енергетска криза и пандемијата и да ги заштити граѓаните и компаниите, рече Каевски.