“СДСМ посветено и континуирано работи на подобрување и унапредување на студентскиот стандард”, вели претседателот на младината на СДСМ и директор на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски.

“Блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се реновирани и пуштени во употреба, со што најголемиот студентски дом во државата е целосно обновен.

Блоковите се реновирани по современи стандарди и овозможуваат идеални услови за живеење на студентите.

Покрај реновираните соби, пренаменети се помошните заеднички простории во простории за рекреативни активности.

Во овие два блока се инвестирани 2,7 милиона евра – 2,3 милиона евра за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии.

Со реновирањето, студентскиот дом „Гоце Делчев“, кој има капацитет од 1.200 студенти станува и енергетски ефикасен.

Енергетски ефикасна ќе биде и зградата на домот „Кузман Јосифовски-Питу“.

Во крајна фаза е проектот за студентскиот комплекс „Стив Наумов“, каде што целосно ќе се реновираат зградата 1 и зградата 2.

Минатата година е потпишан договор за реновирање на седум студентски домови и тоа во Битола, Охрид, Штип Прилеп и во Скопје. Проектот вреден 25 милиони евра, почнува оваа година, а ќе се финализира 2024.

СДСМ инвестира во подобрување на студентскиот стандард и креира и реализира квалитетни младински мерки што го подобруваат животниот стандард на младите.

Со тоа покажуваме дека сме на прав пат сме!”, вели Каевски