Од Здружението на ловци Славишко Поле известуваат дека во село Петралица се појавила кафеава мечка.
– Почитувани ловци, ценети жители на Општина Ранковце, во село Петралица се појави кафеава мечка! Ве информираме дека со закон е СТРОГО ЗАШТИТЕН вид на дивеч, трајно забранет за застрел! Ова е тревопасно животно и ви апелираме да не ја предизвикувате со било какви дејствија, таа сама ќе се повлече во шумските предели на нашите ловишта! Застрел на мечка е кривично дело за кое е предвидена казна затвор, а според казнениот ценовник од законот за дивечот и ловството, казната е 5000 евра, порачуваат оттаму.