Согласно денешните податоци од Министерството за здравство во Крива Паланка нема новозразени од корона вирус.
Во последната седмицата од ковид-19 се заразиле 11 кривопаланчани.
Денеска е регистриран еден оздравен пациент.
Во Крива Паланка од почетокот на пандемијата вкупно се заразиле 1956 лица, а во моментов активни се 42 ковид заразени. Од почетокот на пандемијата вкупно починале 106 лица од Крива Паланка.