На подрачјето на општина Крива Паланка активни се 141 лица на корона вирус.
Во текот на изминатото деноноќие новозаразени се 7 лица, исто како и во текот на вчерашниот ден, а со статус оздравени се стекнале 15 лица.
Согласно податоците на Институтот за јавно здравје, вчера починало и 84-годишно лице од Крива Паланка, како последица на ковид-19.

Во Крива Паланка од почетокот на пендемијата регистрирани се вкупни 1.854 заразени лица.