Скопје и денеска е меѓу петте најзагадени главни градови, а нивото на загаденост е слично како и во Багдад, Ирак и Дака, Бангладеш.
И покрај апелите на граѓаните, на здравствените работници и екологистите, Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска не преземаат ништо за да дејствуваат загадувањето да се намали.
Град Скопје, сам, или во соработка со скопските општини и централната власт може да преземе низ мерки што можат да влијаат на намалување на загадувањето.
Прва, најитна и наједноставна мерка што може веднаш да се преземе е да се зголеми бројот на автобуси на најоптоварените линии со цел.
Потоа, да се воведе бесплатен јавен превоз за сите, со цел да се одвратат граѓаните од своите автомобили и да користат јавен превоз.
Најфреквентните улици и булевари можат редовно да се чистат со цистерни и на тој начин да се намали загадувањето од прашина.
Инспекторатот во Градот, во соработка со Државниот инспекторат за животна средина може да направи лоцирање и казнување на лица кои палат огнови на отворено или непрописно фрлање шут и смет.
Преку својот и инспекторатите на општините можат да наложат сериозна контрола на градилишта, миење н тркала на камионите што излегуваат од градилишта.
Преку ЈП Комунална хигиена и Улици и патишта, постојано чистење на дивите депонии низ градот и нивно физичко оградување.
Постојат и други среднорочни и долгорочни решенија што Град Скопје може да ги преземе за да влијае врз загадувањето во градот.
Но, Градот и градоначалничката сега за сега, го игнорираат овој сериозен проблем за жителите, но и за туристите и посетителите на македонскиот главен град.