Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Во петок попладне и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.

Прогноза за 16.12.2021
Минимална температура: -7°C до 1°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Умерено до значително облачно и студено. Ќе дува умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 17.12.2022
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 3°C до 10°C
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Кон крајот на денот претежно во северните делови ќе има повремен локален снег.

Прогноза за 18.12.2021
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 0°C до 7°C
Променливо облачно со повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.