Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, по одделни котлини со појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 11 степени.

Следува период на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

За време на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, а поради послабо изразено воздушно струење по одделни котлини ќе има појава на магла. Услови за појава на утринска магла ќе има и во почетокот на следната седмица.