Утре во земјава ќе се задржи ветровито време, вдолж Повардарието со засилен северен ветер. Температурите ќе се движат во интервал од 10 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време со утринска темератрура од пет степени и максимална дневна до 15 степени Целзиусови.

Како што информира УХМР, во недела утрото ќе биде постудено, а преку денот ќе преовладува сончево време.

Од понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени локални врнежи од дожд.