Утре времето ќе биде сончево и многу топло со висока дневна температура во интервал од 33 до 40 степени. Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Во деновите од викендот ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност.