„Зарем тоа е иднината која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ? Со помош на ЕУ, со помош на САД, тогаш ќе се обидеме со нешто ново и нова преговарачка рамка. Дали сметате дека до оваа рамка се стигна без ЕУ и САД, знаете дека не е така. Доаѓаат пораки од ЕУ кои велат дека нема друга преговарачка рамка, “ додаде Калеска Ванчева обраќајќи се до соговорникот –пратеникот Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

Таа се наврати и на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски дека ако е потребно и 100 години ќе чекаме за влез во ЕУ.

Во врска со договорот со Бугарија таа посочи дека никој не вели дека сите отворени прашања кои историски ги имаме со Бугарија ќе се избришат веднаш со гума и нема да постојат, но со самото отворање на поглавјата, чекор по чекор, позицијата е сосема друга, а за наративите на некои бугарски политичари дека се тоа нивни наративи.

Таа посочи и дека прашањето со јазикот е затворен, договорот на ФРОНТЕКС е потпишан на македонски јазик, тоа го потврдува и дека и во Брисел се користи македонскиот јазик, како и дека не е разбирливо зошто упорно се тврди дека оваа преговарачка рамка и наштетува на нашата држава.