Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека по дефиниција власта е најодговорна, но едно треба да биде јасно, ниту корупцијата настанала во овие пет години, ниту пак се зголемила, како што тоа сака да го прикаже ВМРО-ДПМНЕ,

Оваа власт е таа што го подигна степенот на транспарентост на ниво на кое што беше незамисливо во време на ВРМО-ДПМНЕ бидејќи бевме заробена држава, со тешки маки го донесовме законот за спречување корупција и судир на интереси за да функционира анкорупциската комисија по највиоски стандарди, нагласи Калеска Ванчева.

Пратеничката Калеска Ванчева додаде дека со исклучок на првиот и можеби вториот состав што работеше антикорупциската комисија кога не смееше да се спомене дека треба да се испитаат „Плацевите на водно“, или коруптивниот планетарен скандал со „Скопје 2014“.

На оваа држава и требаат повеќе истраги и треба ефикасно, ефективно судство и требаат ефикасни и ефективни судии, ефективни обвинители, истражители, нагласи Калеска Ванчева, додавајќи дека за заложбите на опозицијата зборува нивното противење на законот за Академија за судии и обвинители.

Во врска со доаѓањето на експертскиот тим на САД, Калсека Ванчева истакна дека тоа не е пораз на институиите, туку помош и јасен сингнал дека не може да се толерира корупцијата да зазема широки размери и да се нема јасен одговор во борбата против корупцијата.

Како корупцискиот скандал во ЕП, дали кај нас нема доволно капацитети, тоа е предмет на поширока анализа, но факт е дека бавно се движат работите и немаме вистинска разрешница. Вакавата поддршка, помош од вистинските пријатели не секогаш треба да биде во пари, таа е поефикасна ако е изразена во вистинска критика, рече Калеска Ванчева.

Таа нагласи дека американските експерти се занимаваат со врвот на корутивни дејствија, со корупција, без разлика дали била сегашна, претходна или која било власт.

Од нивните експерти и нивните наоди доаѓаат и препораките коишто претседателот на САД исклучително ги почитува и врз нивна основа ја прави црната листа. Засега на црната листа на САД се наоѓаат Никола Груевски и Сашо Мијалков, дали ќе се прошири, ќе видиме, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.