Пратеничката на СДСМ од последниот парламентарен состав, Снежана Калеска-Ванчева, во вечерашното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија со контрастав на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека бројот на тестирања тенденциозно е намален за да се создадат услови за организирање избори.
“Не може ВМРО-ДПМНЕ да ја коментира Комисијата за заразни болести дали и верува или не и верува. Дали бројот на тестирани лица е мал или голем не можеме ние да кажеме бидејќи постојат експерти на кои навистина им верувам и кои имаат одредени протоколи и параметри согласно она што го кажува СЗО на кој начин да се вршат тестирањата. Дали денеска ќе има 400 тестирања, а утре 200, зависи од каде потекнуваат новозаболените, дали има кластер или не итн. Цел свет се раководи по тие протоколи. А, да не заборавиме апропо она што го вели ВМРО дека се намалува бројот на тестирања за да се прикаже дека е мал бројот на заразени, дека веќе денеска беше најавено дека од утре ќе се спроведуват помасовни тестирања, односно тестирања на цели групи, прво 2 000 негувателки и воспитачки, па сите шалтерски работници комплетно итн. Дали тоа оди во насока на тоа што го тврди ВМРО-ДПМНЕ или оди во насока на објективно таргетирано тестирање. Овие чекори не одат во правец на она што го говори ВМРО-ДПМНЕ, дека се сомневаат во некои намерни помали тестирања и прикривања на бројките.
Не можете да кажете дека постојано се намалува бројот на тестирани, ако денеска има помал број, а утре веќе се зголемува бројката, а многу параметри се во прашање кои одредуваат колку луѓе ќе бидат тестирани. Не е битен само бројот на тестирањата, има тука и многу други параметри, одноно 3 клучни параметри кои одредуваат дали пандемијата стивнува или не стивнува, а тоа е бројот на оздравени, бројот на новооткриени, но и од каде потекнуваат новооткриените” – истакна Калеска-Ванчева.