Камион со турски регистарски ознаки вечерва се превртел на терминалот кај Деве Баир. Причинета е материјална штета.

Превозници од повеќе држави, возачи на шлепери, повеќе од пет часа стојат заглавени во колона пред граничниот премин Ѓуешево, кај границата помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.Како што изјавуваат превозниците, во повеќеметарската колона од бугарската страна на границата се наоѓаат превозници од повеќе држави, С. Македонија, Турција, Романија, Србија…

Додека пак патничките моторни возила што минуваат на терминалот од Северна Македонија кон Бугарија се движат непречено.