-Како поборници за активен спортски физички живот, Карпош ФИТ програмата посветена на младите во Карпош ќе нуди спортски активности и нутриционистички совети, вели кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на СДСМ Душко Весковски.
-Нашата политика е обезбедување континуитет на постојните програми за поддршка на училишниот спорт во општинските основни училишта и нивно проширување со вклучување нови спортски дисциплини, со цел да придонесеме за здрав и правилен раст и развој на младите генерации. Покрај програмата за поддршка на велосипедизмот, преку обезбедување субвенции за набавка на велосипеди, во првата година од мандатот воспоставуваме нова програма – Карпош ФИТ, за поддршка на рекреацијата, која ќе вклучува професионални инструктори и нутриционисти.

Клучен проект за реализација на нашата политика за поддршка на спортот и спортските активности е обновувањето на спортската сала „Партизан“, во чиј состав ќе изградиме базен, наменет за учениците од основните училишта, како дел од наставата по физичко и здравствено образование, вели Весковски.
Проектот ќе биде спроведен во соработка со Агенцијата за млади и спорт.