Пратеникот Кастриот Реџепи, веднаш откако Билал Касами го исклучи од Движењето Беса, се активираше на Фејсбук, истакнувајќи го американското знаме на својот личен профил, со натпис „Бог да ја благослови Америка!

Претходно денеска од МВР информираа дека Реџепи самиот дошол во полициска станица, откако вчера Касами го приави за исчезнат и изјавил дека не бил самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница.