Санкционирани се 128 возачи на мотоцикли во текот на вчерашниот ден во рамки на зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија.

Од нив, информираат од МВР, 34 возеле без возачка дозвола, 69 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци