Во интервју за Алсат Тв, вчера вицепремиерот и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи ги искажа своите амбиции за претседател на државата.

„Имам номинација од значителен дел од ограноците во СДСМ. Сега е во тек процес за консултации и тоа треба да заврши со конгресот. Јас имам кажано дека ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда“ – изјави тој.