Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека го започнуваат и проектирањето на системите за наводнување во рамки на Програмата Северна Македонија.

-Хидросистемот Конско заедно со ХС Лисиче, Пепелиште и Страиште се четирите нови хидросистеми кои ги градиме со помош и поддршка од германската Влада, како дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија. Овие четири системи ќе обезбедат нови 13.650 хектари земјоделско земјиште за наводнување, порача Николовски.
-Договорот кој го потпишавме во јануари е најголемиот историски договор за проектирање и изградба на нови системи за наводнување во историјата вреден 110милиони евра. На состанокот со #kickoff, тимот на меѓународниот консултант ги презентираше своите динамички планови, временски рамки за извршување на работите како и тимот на експерти кои ќе бидат ангажирани. Продолжуваме посветено.