Двојно прскање против комарци во Крива Паланка во четврток , 18 јули 2024 – терестијално и авионско.
На подрачјето на Општина Крива Паланка во четврток ќе се реализира авионско прскање против комарци од 5:00 до 6:00.
Се известуваат пчеларите во времето на прскање и 3-4 часа подоцна да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средствата со кои се прска врз безбедноста на пчелните семејства.
Земјена дезинсекција, ќе се изврши попладне, по 19:00 часот во централното градско подрачје и тоа
-градски плоштад;
– градски парк и
-речно корито во реонот на градскиот парк.
– Се замолуваат граѓаните да избегнуваат задржување на овие локации, за успешна и непречена реализација на терестијална дезинскеција за заштита од комарци, велат од општината.