„Вчера имавме изјава во којашто техничкиот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Единственото нешто што сака да го направи ВМРО-ДПМНЕ е да создаде хаос во државата, односно врз основа на измените на законот да презентира дека возачките нема да важат, што е делумно точно. Возачките коишто се издадени после 1 јули 2021 година кога влегува на сила овој закон, не подлежат на овој закон. Не само што тоа е начинот на работа, заплашување и казнување на граѓаните. Тие во 2017 година одеа со паролата „Никогаш Северна“, но со самото доаѓање на министерот од редови на ВМРО-ДПМНЕ како технички министер, први започнаа со имплементацијата и пријавите за казнување на граѓаните доколку не носат возачки дозволи со името Северна Македонија“,изјави Ненад Коциќ пратеник од редовите на СДСМ во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

Пратеникот Коциќ додаде дека и самиот нема возачка дозвола со името Северна Македонија за разлика од колегата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, напоменувајќи дека ќе ја извади кога ќе му дојде редот за сликање.
„Сакам да информирам јавноста дека пратеничката група на СДСМ ќе предложи измени во законот којшто го донесовме во 2021 година со којшто ќе продолжи важноста на личните документи. Сообраќајни дозволи, осигурителни полиси и сите други документи коишто се битни во моментот да нема застој во нормалното функционирање на државата, со што нивната важност на територијата на државата ќе продолжи до истекот на времето. Со тоа сметам дека проблемот за три дена го наметна техничкиот министер ќе биде решен, граѓаните не смее никој да ги казнува, посебно не за легално извадени документи коишто се со рок на важење. ВМРО-ДПМНЕ како партија со месеци држеа прес-конференции во кои тврдеа дека веднаш со доаѓање на техничкиот министер ќе го решат проблемот со гужвите, пред се поради новогодишните празници со вадење на пасоши. Не само што не го решија, туку и ги повлече базните станици во кои можеа граѓаните да се сликаат. Второ, наместо во рок од 15 дена за колку се издаваше пасошот, сега пасошите се издаваат за многу повеќе од 15 дена“, потенцираше Коциќ.

Како трета поента Коциќ посочи дека граѓаните со двојни државјанства без никакви проблеми ќе можат да патуваат.

„Не знам дали ова не е повторно поттикнување на бугаризација во нашата држава“, заклучи Коциќ.