Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за притисоци врз судската власт треба само да се потсетиме на тефтерчето на Гордана Јанкуловска.
„Претседателката на Судот се јавува, пазете, кај секретарката на Груевски да прими налог кој ќе биде избран судија или Гордана Јанкуловска ќе чита 72.бројче, па ќе гледа кој ја предложил и се заложил за судијата. Вие денес ќе ни зборувате за полуги во судството, ленти ставивте таму! Наша одговорност е да го смениме тоа и тоа го правиме со Законот за ЈО. “ – вели Радмила Шекеринска.
„Нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ беше затоа што осетија дека со овој последен закон наеднаш на судството му даваме шанса да функционира професионално, одговорно и без партиски стеги.“- констатира Шекеринска.