Во Оперативниот план Републичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ посебно место има за медиумите. Според документите што независно едни од други ги разоткрија истражувачкиот новинар Фуркан Салиу и СДСМ, операцијата за влијание во медиумите се нарекува „Перцепција“.
Како и за сите точки од оперативниот план и точката Медиуми „Перцепција“ има утвтрдено целна група, во овој случај „сите граѓани“, и активности меѓу кои се опфатени „месечно објавување анкети“, „Креирање лажни вести“ и „теренски активности“.
Во следната колона од Оперативниот план се наведени личностите задолжени за секоја од овие активности, па така за анкетите е задолжен Владимир Божиновски од ИПИС, а за креирање лажни вести Коче Гаврилов.
Истражувачкиот новинар Фуркан Салиу од ПорталХ, во својата прва епизода од тоа што е најавено како серија, веќе го образложи задолжувањето на Владимир Божиновски, кој заедно со директорот на МТВ Марјан Цветковски, ќе го организира пласирањето на лажните анкети на ИПИС во емисија што ќе оди два пати неделно на јавниот радиодифузен сервис.
Посебно интересен дел од Оперативниот план е делот за „креирање лажни вести“ за кој е задолжен Коче Гаврилов.
Коче Гаврилов е веќе регистриран дисперзер на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ. Со овие свои активности тој започна уште во 2017 година кога изнесе лаги дека Владата предводена од СДСМ дека се однесува расипнички во набавката на морска храна, тврдејќи дека се работи за расипничко трошење за луксузни прехранбени артикли наменети за функционерите на Социјалдемократскиот сојуз.
Надлежните служби на Владата тогаш појаснија дека се работи за набавка на риба и морски плодови за цела година не само за Кабинетот на Претседателот на државата, на Собранието на Република Македонија, на Владата на Република Македонија, на Клубот на пратениците, на претседателската вилата на Водно, како и за потребите на државните вили во Охрид и дека оваа храна е наменета за службени свечености и собири.
Тогаш беше образложено дека сумата од 400 илјади денари за овие потреби преку цела година не е преголема за да се смета како расипништво, па затоа оваа изјава на Гаврилов од ВМРО ДПМНЕ порталот за проверка на факти Вистиномер.мк ја оцени како невистинита.
Претходно, истиот тој Коче Гаврилов, во изјави за медиумите тврдеше дека „раководни лица во Владата селективно забраниле пристап на компјутерите на вработените до порталите ’Курир’, -‘Инфомакс’, ‘Јавно’, ‘ТВ Нова’ и уште десетина други“, што исто така беше лажна вест.
Подоцна името на Коче Гаврилов, заедно со Христијан Мицкоски, се најде на листата од 91 советник на Никола Груевски, кои годишно трошеле 1,73 милиони евра народни пари.
Инаку, Коче Гаврилов има од кого да учи – од лидерската врхушка на ВМРО-ДПМНЕ, односно од претседателот Мицкоски и од потпретседателот Александар Николоски. Мицкоски е регистиран во ЕУ како извор на лажни вести, а амбасадите на Чешка и Словачка остро ја демантираа изјавата на Александар Николоски, дека неговата партија е многу заслужна за блокадата на овие две земји за блокадата на заклучоците на ЕУ.
Преземено: Рацин.мк