Слободанка Алексовска е женcкото лице чиј глас се слуша во вчера објавените аудиоcнимки меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, ocyден во „Рекет“, открива „А1он“.
Алексовска, екс директорката на Агенцијата за вработување ѝ е веќе позната на јавноста и по говорот во 2016 година на протестот пред Државната изборна комисија:
„Па и Ќосето, и Даме Груев, и Никола Карев, и Гоце Делчев и сите неспомнати војводи живеат во душата на секој од нас. И нивната поборничка крв тече низ нашите вени“. – рече тогаш Алексовска во говорот.
Алексовска е и поранешен раководител на Центарот за вработување на Град
Скопје за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а за неа јавноста во 2017
слушна како трошела службени пари за купување машки чорапи, влажни
марамчиња, козметика, млеко за тело, смоки, цигари, мешан кашкавал и јајца
од јапонска потполошка, напивки од соја, гумени бонбони, свежа риба лосос и
лаврак, сувомесни производи, овошје, фстаци.
Истата година против Алексовска била поднесена и кривична пријава за кражба на харддиск од Агенцијата за вработување.
Слободанка Алексовска беше и координатор на советничка група на ВМРОДПМНЕ во Град Скопје, во времето кога градоначалник беше Коце Трајановски.
Таа се појавуваше на партиски прес-конференции каде ги критикуваше
политиките на СДСМ.