Дури ние си мислиме дали анкетите нарачани од ВМРО-ДПМНЕ биле или не биле лажни, Драган Ковачки – носител на ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ, во ударен термин ја остави телевизиската јавност во прашалници не одговарајќи конкретно на ниту едно прашање. Наместо тоа, брилјираше во она што му е најјака страна, сервирање невистинити и манипулативни информации?!
- Со гордост најави дека црната кампања со ширење лажни вести веќе била започната, а подолу ќе видите и кој ја започна;
- Човекот кого судот го осуди за ширење лаги и неправедно клеветење без трошка срам изјави дека немал ништо лично против Славјанка иако целата јавност знае со какви сензитивни информации си играше во обидот да ја дискредитира;
- Сакал да дојде на власт за да спречел луѓето да оделе во други држави, ама не е лошо прво да почне со проветрување на колегите – носители на изборните листи во својата партија;
- Ќе го доградувал експресниот пат до Крива Паланка. Во Истокот се инвестира како никогаш претходно, а бесмислено е тој лажно да пушта нешто што друг веќе го финансирал и до овој момент е со над 90% реализација;
- На прашањето дали оддавал државни тајни, односно дали бил шпион, одговори сосема неповрзано дека Ковачевски избегал од судење;
- На прашањето дали му е одземен НАТО сертификатот одговори дека тоа е “жива глупост” и шпекулација, а ДУИ да била тргната од власт;
- На прашањето зошто како член на Комисијата за одбрана и безбедност ја поддржал набавката на хеликоптерите, одговори дека не било добро што министерката не била воено лице, а тој не сакал да го спречува процесот на модернизација на армијата.
На секое јасно и конкретно прашање, даде нејасен и неконкретен одговор.
Потценувачки е граѓаните да слушаат за се’ и сешто освен тоа што за нив е од суштинска важност.
Оттука, нека не не’ чудат лажни бројки и лажни анкети.
Од лажни политичари доаѓаат лажни ветувања.
На нас е да кажеме НЕ!