Целовечерен концерт „Дај една чалгија” со Сашко Митев и инструментална чалгиска група, ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, на 18 јуни (вторник), со почеток во 20,00 часот.
Сашко Митев е вокалист и инструменталист, член на амсамблот „Танец”, кој ќе настапи во придружба на Костадин Андоновски-виолина, Влатко Терзиски – кларинет, Тимко Чичаковски –канон и Дамјан Зифовски –тарабука.
Настанот е извонредна можност кривопаланчани да се запознаат и потсетат на вистинскиот дух на македонскиот музички народен јазик преку виртуозните звуци на македонската чалгија, исполнета со емоции и традиционални мелодии.
Организатор на чалгиската вечер е НУ Центар за култура Крива Паланка, а настанот е дел од манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024″.