Мојот порив за влез во политиката е гасификацијата на Битола, истакна кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски во дебатата на Телма телевизија.

Тој кажа дека досега недостасувал менаџер кој има сила тоа да го сработи.

-За четири години оние 2,8 километри за кои има проект ќе се реализираат, за десет километри дополнително ќе се направи проект и ќе се завршат. Првите објекти ќе вклучени за четири години, кажа Кондовски. Тој додаде дека во однос на топлификацијата, за четири години ќе се приклучат болниците, СВР Битола и други институции.

-Гасификација и топлификацијата се приоритет во наредните четири години и ќе се заврши 12 километри долгата гасоводна мрежа. 35 објекти и мрежа од 12,8 километри, што се однесува до топлификацијата, ќе бидат приклучени и реализирани. Инвестициите се по милион евра, кои се обврска на Општина Битола, истакна Кондовски.