Ивица Коневски, член на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник за град Скопје на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе тужба против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за изнесените лаги и клевети.

„Против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ќе поднесам тужба за изнесените лаги и клевети и тој за многу кратко време јавно ќе се извини.

Мицкоски, ти порачувам уште еднаш дека сите овие лаги и манипулации нема да те спасат од заминување“, посочи Коневски.