Корона вирусот зеде уште една жртва во Македонија, објави Слободен печат. Пациентот бил сместен на Инфективната клиника во Скопје, а бил од Дебар. Ваквата информација ни ја потврдија високи извори во Министерството за здравство.

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука денеска потврди дека уште едно лице од Дебар има починато од коронавирусот, пишува весникот Коха.

Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Информацијата ја потврдија и неговите најблиски кои рекоа дека тој бил болен од корона вирус и дека пред неколку денови бил хоспитализиран во скопската клиника.

Според податоците на Дука, до денеска бројот на заразени лица во Дебар е 47, додека осум жители на градот кои се излечени во Скопје се вратени во нивните домови во Дебар.

Ова e осмата жртва на коронавирусот во државата, а заболени се 285 лица.

Извор: Слободен печат