Регионалниот центар за Гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.М.(37) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 01.03.2024 на Граничен премин Деве Баир пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.