Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, денеска преку социјалните мрежи потврди дека поднесува оставка од својата функции, во објавата во која ги наведе резултатите од својата работа.

Според неговата објава, на ниво на портфолио, компаниите поддржани од ФИТР за период 2017-2020 оствариле кумулативен пораст на приходите од 50%, додека кумулативниот пораст на профитот на целото портфолио за анализираниот период изнесува 75%. Тој информира и дека ко-финансираните грантови имаат најголем ефект кај македонските стартапи, при што растот на приходите на стартапите, една година пред финансирањето и две години по финансирањето е дури 197%.