-Денеска пред надлежното обвинителство за организиран криминал ги доставивме сите документи кои се сериозни индиции за испумпување народни пари од АД ЕЛЕМ од страна на Христијан Мицкоски, информираше потпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов.
-Додека граѓаните плаќале за 100% повисока цена на струјата поради Христијан Мицкоски, најнеспособниот директор на ЕЛЕМ народните пари расипнички, криминално ги раздавал на лица од ВМРО-ДПМНЕ, порача тој.
Документите како индиции за криминал и расипништво со парите на граѓаните сега се предадени до надлежните институции, а со усвојувањето на Законот за јавно обвинителство создадени се сите услови за надлежните институции да делуваат и да донесат правда, прачаа од СДСМ деновиве.