Извршителот Христијан Мицкоски не успеа да го реализира налогот на Никола Груевски, вели портпаролот на СДСМ коста Костадинов.
“Нема скриена амнестија за криминалот на режимот, има одговороност за сите.
Слабо извршителу Мицковски, не успеа!
Кажи колку пати денеска ти се јави твојот шеф од Будимпешта да те кара што не успеа да го спасиш?
Покрај сите блокади, кочења, противења, одолговлекувања, извршителот Мицкоски доживеа пораз.
Законот за Јавно обвинителство значи првна разрешница за сите судски случаи во кои обвинети се поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, а меѓу нив и Никола Груевски, шефот на извршителот Мицковски.
Во законското решение нема скриена амнестија, секој за кој постои обвинение ќе си одговара пред институциите и тоа на Мицковски и Груевски им е јасно!
Џабе извршителот Мицкоски се прави дека не е тука.
Јавноста многу добро знае чии гласови се слушаа во бомбите и кои функцинери на ВМРО ДПМНЕ договараа милионски тендери, планираа војна, местеа избори, крадеа, газеа, тепаа, злоупотребуваа…
Бомбите остануваат докази до законскиот рок (30.06) а за останатите предмети индиции.
Законот гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат своја правна разрешница, низ професионална и фер постапка, базирана на докази.
Има добра основа да се донесе Законот за ЈО. СДСМ е на страната на правдата.
Да го потврдиме европскиот пат на нашата земја и заедно да ја потврдиме нашата стратешка определба за обезбедување правна држава”, вели Костадинов.