Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера повторно беше избран за член на Извршниот одбор на СДСМ за што му се заблагодари на претседателот Димитар Ковачевски.

-Да се биде дел од раководството е огромна привилегија и одговорност. Денес централниот одбор на СДСМ ми ја даде довербата да бидам дел од извршниот одбор на партијата. Благодарност на претседателот Ковачевски за укажаната доверба. Честитки на моите другари за изборот за потпретседатели, членови на извршен и на генералниот секретар Миле Зечевиќ, несомнено еден сериозен политички габарит на СДСМ. Борбата продолжува почивајки на принципите заради кои и ја почнавме.Обединети и единствени, напиша на Фејсбук, Костадинов.