Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов вечерва упати апел до граѓаните да не одат на местото на пожарот, кој избувна вчера вечер по 23:00 часот во Трговскиот центар “Глобал“ во Струмица, и кој потоа се прошири на тезгите во пазарот, на приземјето.

-Апелирам граѓаните да не одат на местото каде што е пожарот! Поддршка за нашите пожарникари и полицијата. Мораме да бидеме смирени и да оставиме надлежните да си ја работат работата!, напиша Костадинов на Фејсбук.