Пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов, денеска, со директорот на Македонски шуми, со градоначаникот на Ново Село и заедно со граѓаните на село Старо Коњарево беше на лице место да го види пробивањето на тамошниот шумски пат.

“Граѓаните заедно со НВО Здрава котлина реагираа, алармираа ги посочија опасностите од пробивањето на патот.
Како одговорен политичар се уверив, во разговор со директорот на Македонски шуми констатиравме дека сите градежни активности на овој пат, веднаш ќе бидат стопирани. За нас најважна е безбедноста на граѓаните и секако животната средина.Благодарам на трпението на граѓаните и апелирам до сите, бидете гласни за сите проблеми, тоа е убавината на демократијата, само заедно сплотени можеме да си ја направиме нашата држава поубаво место за живеење”, порача Костадинов.