„Вчера во последните пет минути од излагањето на премиерот, тој наместо да каже ние ве излажавме и си теравме кампања на „Никогаш Северна – Само Македонија“, тој со сиот тој гнев не обвини нас и рече дека бил под диктат и заради нас ја употребува придавката, а ние не го натеравме да ја употреби придавката кога даваше заклетва. Ние бевме криви за заклетвата, а за Владата, за програмата и за се претходно не бевме ние виновни“, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.
Таа додаде дека последните пет минути СДСМ ќе ги паметиме до крај затоа што премиерот Мицкоски ги искористил петте минути за да го истури целиот гнев врз опозицијата.
„Она вчера што се случи во последните пет минути ќе го паметиме до крај затоа што тој ги искористи петте минути нас, на опозицијата да ни го истури целиот гнев којшто него ќе му се слее од тие над 400.000 гласови затоа што велеше дека нема да го признае Преспанскиот договор и дека ќе ја репреговара преговарачката рамка. Ама вие имате двотретинско мнозинство и јас да бев како вас со Зорду на истата седница ќе го ставев и Преспанскиот договор за да се поништи и така ќе добиевте уште 400.000 гласови“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.