Долгонајавуваното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ испадна дека не постои. Пратениците се поколебаа од иницијативата, бидејќи можеби зад намерата да се урне владата имаше некоја скриена намера“ кажа пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска – Стојчевска во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Таа додаде дека, не само Кастриот Реџепи, туку и други пратеници се поколебаа да застанат на анти-НАТО и анти-ЕУ патот и да се следи реториката на Левица.

„Нашето невлегување во салата беше со цел да покажеме на граѓаните дека опозицијата нема 61 пратеник, без притоа да даваме услови за манипулација“ кажа Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека сега следува реконструкција на Владата, која е здрав процес со цел да се одмерат политиките и сработеното.