Претседателот на ОО СДСМ Куманово повика на фер и демократска кампања на локалните избори 2021 на пресконференција од партиските простории. Меѓудругото тој говореше за нефер плеј, за закани, уцени и недолично однесување на институциите кои уште неколку месеци се под команда на Максим Димитриевски.

“Оваа пракса е од времето на ВМРО-ДПМНЕ, и да ги оставиме методите на владеење на Никола Груевски во минатото. Повикувам на фер плеј, но доколку добиеме информации за дополнителни закани во основните, средните училишта, јавните претпријатија, како шеф на Општински Изборен Штаб ќе бидам приморан да интервенирам во меѓународните институции ОБСЕ и ОДИХР.