Преку одговорни и ефикасни економски политики, Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните и обезбедува стабилност на економијата. И во време на глобална економска криза платите постојано растат, порача денеска на прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика просечната плата за месец мај оваа година изнесува 31.407 денари, што е за 9,4 отсто повисоко во однос на истиот месец минатата година.

Платите ќе продолжат да растат во сите сектори.

Веќе од септември следува покачување на платите во образованието и детската заштита, додека платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто.

Со новиот Закон за служба во Армијата, платите во одбраната од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари.

Сето ова е показател дека економијата е стабилна, динамична и развојна, подготвена да се носи со идните предизвици.

Вложувањето во човечкиот капитал, груижата за граѓаните остануваат врвен приоритет за Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ.

И во време на глобална економска криза остануваме посветени на мерки и политики кои обезбедуваат повисок животен стандард и повеќе пари во секое семејство, рече Костовски.