Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека достижноста и престижот да бидеме дел од најбогатите, најразвиените членки на ЕУ е исполнување на идеалот на Киро Глигоров, Никола Кљусев и на сите други државници, 32 години наназад од осамостојувањето на Македонија до денеска.

-Сега сме 2023 година на чекор до оставрување на нашиот сон, на чекор до оставрување на идеалите на сите оние генерации од осамостојувањето на оваа наша убава Македонија. Овој пат зависи само од нас, овој пат нема да бидеме соочени од некој друг да ни стави вето. Не смееме да дозволиме самите ние да си ставиме вето, нагласи Костовски.

Пратеникот рече дека одлуката за уставните измени е една надпартиска, национална одлука, којшто треба во интерес на иднината, во интерес на нашите деца, на граѓаните, на економијата образованието, на здравството, на државата да се донесе едногласно.

-Многу често го споменуваме тоа проевропско расположение во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека и де факто и дејуре со започнување на оваа постапка, интервенција во уставот ќе имаме и јавно поддршка од определени структури во ВМРО-ДПМНЕ, рече Костовски, додавајќи дека има многу аргументи, врз чија основа се очекува дека во периодот што следи осознаеното проевропско крило во ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка.

-Се гордееме со сите храбри одлуки донесени пред се од СДСМ, сега сме сите горди и го цениме значењето на членството во НАТО, меѓутоа таа одлука некој требаше храбро да ја донесе. СДСМ на свои плеќи издржа многу, бидејќи не сме како Христијан Мицкоски, од дрвото да не може да ја видиме шумата, нагласи Костовски.

Секој храбар политичар мора да гледа во иднината барем 10 години нанапред, потенцираше Костовски.

Ова не е интерес само на СДСМ, ова е интерес на секој Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Бошњак и сите останати, шансата е многу блиску, ништо не губиме, зачувани се идентитетските карактеристики на Македонецот, македонскиот јазик е признат, тоа дефакто се случи со ФРОНТЕКС и сите оние илузии, напади консктуриции, коишто беа од страна на ВМРО-ДПМНЕ се веќе на страна, никој повеќе не зборува за бугарски дијалект, а беше актуелно до пред некои 10-12 месеци, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Костовски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство на градоначалници а не работи ништо. Народот очекува канализациони, водоводни сустеми и асфалтирани улици да ги прави ВМРО-ДПМНЕ но тоа не е случај, тие ништо не работат.