Во СДСМ сега владее кохезија како никогаш досега, изјави пратеникот Мартин Костовски од редовите на СДСМ во вчерашното гостување на телевизија 24.

Меѓурдругото, кажа дека се надева опозицијата да направи исчекор кон предлагање на министри и посакува да бидат дел од техничката влада.

– Ова не е само обврска на власта. Изгласување на техничка влада е законска обврска на секој политички чинител. Никој нема ексклузивитет да го преземе целиот товар. Неколку пати истапивме како политичка партија дека ова не е видено на политичката сцена дека во моментот кога некој ќе предлага свои министри, да не ги гласа. Дали немаат доверба во тие луѓе кои ги предлагаат? , праша Костовски