Ќе го предложам Миле Зечевиќ за генерален секретар на СДСМ, вели за Фокус новиот партиски лидер и мандатар за составување на новата Влада Димитар Ковачевски.

–Тоа е единственото кадровско решение што можам да го потврдам, за се друго е уште рано да се говори – вели Ковачевски.

Тој додава дека при составувањето на новото партиско раководство, но и идната влада, ќе се запази принципот на континунитет, ќе има и има освежувања, а ќе се ценат и досегашните перформанси на функционерите.