Новоизбраниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, пред почетокот на состанокот на централниот одбор на СДСМ во изјава за медиумите порача дека новата програма нуди фер шанса за сите кадри кои ги исполнуваат професионалните услови за да бидат назначени на институционално ниво.

Ковачевски потенцираше дека никогаш не ги дели кадрите на стари и нови туку на оние кои допринеле повеќе или помалку во развојот и градењето на партијата.

„Ќе предложам Извршен одбор во кој ќе бидат застапени 50 отсто жени, 50 отсто мажи за да се запази родовата еднаквост за која се залага СДСМ. 33 отсто ќе бидат млади и ќе бидат запазени сите плански региони во државата да бидат застапени во Извршниот одбор. Партијата е обединета бидејќи имаме 120 членови на ЦО, денес ќе имаме уште 10 нови членови и заедно со општинските организации СДСМ преставува најсилна и најголема партија во државата – изјави Ковачевски.

Вечерва се заседува ЦО на СДСМ, на кој се очекуваат одлуки за новото раководство во рамките на партијата.